Sign In

Innovation Forum @ Визија
Традиционално и оваа година, по 5-ти пат, Microsoft организира настан посветен на технолошките иновации. Настанот се одржува на 21 октомври во рамките на годишната конференција Визија.
Темата што ќе се обработува оваа година е нашиот поглед на  Green IT концептот односно како користењето на Microsoft технологиите овозможува намалување на потрошувачката на електрична енергија, оптимизација на ресурсите и намалување на CO2 емисија. За нас, ИТ технологиите се клучна алатка која може да помогне во справување со еколошките предизвици со кои се соочува светот денес.   Присуството на настанот е на база на лична покана и е без котизација. Секако, посетителите на Визија можат слободно да присуствуваат на настанот доколку понудената тема им е од интерес. 
 
 

Распоред на предавања​

08.30-09.00
Регистрација
09.00-09.15  Илијанчо Гаговски, Microsoft
Отворање на настанот
09.15-09.45  Билјана Јанева, Microsoft
Како Microsoft производите и услугите можат да заштедат енергија?
09.45-10.30  Ray Pinto, Microsoft
Innovation sustainability in a time of change
10.30-10.45
Кафе пауза
10.45-11.30 Филип Иванов
Заштита на животната средина во РМ - законодавство, предизвици и перспективи
Министерство за животна средина
и просторно планирање
11.30-12.15 Бранко Аврамовски, Microsoft
Negawatt-Оптимизирај ја инфраструктурата, зголеми ја ефикасноста
12.15-13.15
Ручек