Sign In

Најдете ги одговорите на вашите најчесто поставувани прашања.

П: Кога се одржува Microsoft Визија?
О: Настанот ќе се одржи на 20 - 21-ви октомври 2011 година, во хотел Александар Палас во Скопје.

П: Што значи пред-конференциско пријавување?
О: Пред-конференциското пријавување значи регистрација на вашето учество на конференцијата во одреден период пред одржувањето на конференцијата, во кој котизацијата за учество е пониска од регуларната цена. За да добиете повластени цени на котизација, потребно е да направите уплата на истата, во периодот додека трае пред-конференциското пријавување.

П: Која е целта на Microsoft Визија?
О: Целта на Microsoft Визија е да го дефинира начинот на кој корисниците и ИТ компаниите можат да станат партнери во нивниот развој. Тоа е посебно важно во денешното динамично и променливо бизнис опкружување, каде е неопходна промена на начинот на водење на бизнисите, преку користењето на информатичката технологија. Запознавање со новите производи и стратегии на Microsoft кои ги олеснуваат различните процеси на работа во компаниите и споделување на искуство со веќе имплеметирани решенија.

П: Дали може да се пријават повеќе луѓе?
О: Да, доколку се пријавувате преку фирма, при што ќе ви биде испратена соодветно фактура за плаќање со вкупната сума која треба да се плати и ќе бидат наведени имињата на сите пријавени учесници. За да може да се искористи максималниот попуст, препорачуваме да се изврши пријавување на сите учесници одеднаш. Зависно од бројот на пријавени учесници се одобрува попуст од 5% до 15% на вкупната сума.

П: Каде може да се најде распоредот на предавања?
О: Распоредот на предавањата може да се види со кликнување на табот Распоред на оваа веб-локација.

П: Во случај фактурата да не се плати до денот на почеток на конференцијата, дали ќе може да се учествува?
О: Не, издавањето на картичките и пакетите за учесниците е базирано на потврдите за уплатени средства за конференцијата. Доколку ве нема на списокот, соодветно, тие материјали нема да се подготват.

П: Дали пријавата важи за сите предавања?
О: Да, со пријавата си обезбедувате место на сите предавања кои ќе се одржат во рамките на настанот, доколку има место во просторијата каде што истото се одржува.

П: Каде да се обратам доколку имам проблеми со пријавувањето?
О: Сите потребни информации и помош може да ги добиете преку контакт на info@msvizija.net.

П: Што добивам со учеството на Microsoft Визија?
О: Со учеството на Microsoft Визија, не само што ќе имате можност да дознаете за најновите трендови во областа на ИТ технологиите, програмирањето, безбедноста, инфраструктурата и развој на интегрирани деловни решенија, туку ќе имате можност и да се поврзете и размените искуства со еминентни стручњаци, ИТ професионалци и програмери.

П: Што е потребно за да се пријавам?
О: Оваа година секој учесник треба да поседува Live ID сметка за да може да се пријави и регистрира на сајтот. За да ја отворите Вашата сметка, одете на следната веб-локација: http://explore.live.com/home.