Microsoft ВИЗИЈА 8

13 - 14ти октомври 2010 година, хотел Александар Палас, Скопје

Ни претставува особена чест и задоволство да ја најавиме осмата по ред,  Microsoft ВИЗИЈА  - најголемата технолошка конференција што се одржува во Република Македонија, која традиционално ги обединува ИТ професионалците, програмерите и менаџерите на едно место.

Со големиот број на стручни предавања и присуството на еминентни домашни и странски предавачи, конференцијата ќе биде можност на едно место да се слушнат експерти од ИТ бизнисот, посетителите да се запознаат со најновите производи и долгорочни стратегии на Microsoft, како и да разменат мислења и знаење за најновите технологии.

И оваа година Microsoft ВИЗИЈА 8, останува како најважното место во Македонија за размена на технолошки информации, место на кое ќе можат да се разменуваат деловни идеи, конкретно знаење и јасни иновации, релевантни за сите учесници – деловни и ИТ ориентирани.

Посетувајте нè редовно и дознајте повеќе за тоа што Ве очекува на оваа  Microsoft ВИЗИЈА 8.